Вовед

Член 1

Голдмен Капитал ДОЕЛ Скопје, Република Македонија е правно лице регистрирано во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Северна Македонија е-маил: info@goldmen.mk, кое ги спојува од една страна Давателите на заем и од друга страна Примателите на заем, (во понатамошниот текст: Голдмен Капитал).

Голдмен Капитал ДООЕЛ Скопје има своја веб страна www.goldmen.com.mk и платформа за crowdlending која ги спојува Давателите на заем и Примателите на заем преку која се праќаат Барањата за заем до Голдмен Капитал ДООЕЛ Скопје.

Овие општи Услови се составен дел од сите договорите за заем склучени од Голдмен Капитал преку платформата, односно Договори за заемодаватели како и Договори за заемоприматели и истите им стојат на располагање на сите заинтересирани лица и се достапни и на веб страната на Голдмен Капитал.

Заемите кои се доделуваат согласно овие ОУ, се одобруваат, примат и исплаќаат од страна на Голдмен Капитал во македонски денари (МКД).

Сите рокови за целите на овие ОУ, Барањата за одобрување на заеми и склучените Договори, се пресметуваат користејќи календарска година со траење од 360 дена.

Дефиниции

Член 2

За целите на овие Општи услови:

  • Закон за заштита на податоци– Законот за заштита на лични податоци (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 7/2005, изменет)
  • Граѓански законик– Закон за облигациони односи (објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 18/2001, изменет)
  • Договор – ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ – Договорот, со сите прилози кон истиот, а доколку е наложено со контекстот, овој поим значи документ на договор за заем
  • Финансиска проценка– процес на процена на финансиската способност на Примател на заем, проверка и ревизија на можноста за враќање на заемот
  • можноста за враќање на заемот, Камата – износ на каматата која треба да се плати на Давателот на заем како надомест за користење на парите на Давателот на заем
  • Провизија – сите провизии кои ги наплаќа Голдмен Капитал во врска со заемот според Договорот
  • Заем – ИЗНОСОТ НА ЗАЕМ (како што е дефинирано во Договорот) префрлен од Давател на заем на на Голдмен Капитал и ИЗНОСОТ НА ЗАЕМ префрлен од Голдмен Капитал на Примател на заем
  • Општи услови– овие Општи услови
  • Веб страна - веб страната на Голдмен Капитал, www.goldmen.com.mk
  • Адвајзор – лице кое има сопствен заем на Голдмен Капитал, а воедно го препорачува правното лице
  • Барање – Барање за одобрување на Заем кое Давателот на заем го доставува до Голдмен Капитал, како што е наведено во Договорот
  • Секундарен пазар – место каде Давателите на заем можат меѓусебно да си ги продават заемите.
  • Страни – има значење како што е дадено во Договорот
  • рок на инвестиција- рокот за кој што е склучен договорот меѓу страните
  • Ре–инвест – можност за ре-инвест во секое време. За ре-инвест се смета кога 50% од износот од новата инвестиција се од средства кој се во системот
  • -Маркетинг програма за Адвајзор – реферал програма која ја одередува заработката од продажба на начин на дирекна и индирекна препорака

Услови за одобрување Заем

Член 3

Голдмен Капитал одобрува барање на Давател на заем и Примател на заем откако ќе ги исполни кумулативно сите долунаведени услови:

  1. Давателот на заем ќе ги исполни услови опишани во член 4 точка 1 и 5, дадени подолу
  2. Давателот за заем или Примателот на заем ќе достави Барање преку платформата до Голдмен Капитал и истото ќе биде одобрено
  3. на Давателот на заем и Примателот на заем ќе му бидат обезбедени копии од документите наведени во член 6
  4. Давателот на заем или Примателот на заем ќе го прифати условите предвидени Договорот и неговите прилози и истиот ќе го потпише
  5. Голдмен Капитал направи финансиска анализа, доколку се работи за Примател на заем
  6. Доколку Давателот на заем ги исполни сите горенаведени услови, заемот ќе биде примен доколку Голдмен Капитал има потреба во моментот од заем.

    Доколку Голдмен Капитал нема потреба од заем во рок од 10 календарски денови од уплатата на парите од страна на Давателот на заем, има можност после 7- миот каландарски ден од уплата на парите од страна на Давателот на заем, да бидат вратени парите на Давателот на заем од страна на Голдмен Капитал , без обештетување.

    Голдмен Капитал, исто така, може да одбие барање за заем на Давателот на заем, доколку не ги исполнува условите и во моментот Голдмен Капитал нема потреба од заеми. Во случај на одбивање на барањето за заем, Голдмен Капитал ќе го извести Давателот на заем.

Услови за поднесување на барање од страна на Давател на заем или Примател на заем

Член 4

  1. Давателот на заем може да биде физичко лице над 18 години, државјанин на Република Северна Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Северна Македонија, има целосна деловна способност односно законски капацитет за склучување на договор и поседува трансакциона сметка во некоја од банките во Република Северна Македонија, или правно лице регистрирано во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Северна Македонија.
  2. Примател на заем може да биде е правно лице регистрирано во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица во Централниот регистар на Република Северна Македонија
  3. Документите и информациите наведени во член 3 б), в) и г) потенцијалниот Давател на заем и Примател на заем, ги доставуват електронски или по пошта до Голдмен Капитал.

Известувања меѓу Страните

Член 5

1. Сите известувања меѓу Страните во врска со Договорот се вршат:

  1. преку Адвајзорите на Голдмен Капитал
  2. преку препорачана пошта
  3. преку телефон или порака
  4. преку е-маил
  5. преку веб страната www.goldmen.com.mk

Потребни документи

Член 6

Давателот на заем и Примателот на заем се обврзани да му обезбедат на Голдмен Капитал копии од документите потребни за проверка или финансиска анализа на Голдмен Капитал, и тоа:

  1. копија од Лична Карта или Пасош – двете страни
  2. копија од Тековна состоба, за правно лице
  3. копија од Трансакциона сметка
  4. финансиски и книговодстени инвештаии потребни за финансиска анализа, доколку се работи за Примател на заем

Рок за Заем

Член 7

Рокот на заем можe да биди 12 месеци или 24 месеци, во зависност од тоа како ќе се договорат Странките, со можност за пролонгирање.

Камата од заем

Член 8

Каматата за заемот ќе се пресметува месечно, но ќе можи да се повлекува откако ќе помини половина од договорениот рок на инвестиција. Доколку предвреме го раскини договорот, давателот на заем го губи правото на камата. Доколу договорот се раскине пред истекот на половина од предвидениот рок на заемот, Давателот на заем нема право на камата, но има можност за продажба на Секундарен пазар. Доколку договорот се раскини после истекот на половина од предвидениот рок на заемот, давателот на заем има право на камата од 50% од договорената камата, доколку својата инвестиција ја продаде на Секундарен пазар.

Каматата се добива според соодветниот пакет или соодветниот атом.

Атом е одреден дел од секој пакет, од оние кои се објавени во моментот на уплата на парите на веб страната на Голдмен Капитал.

Минималниот износ за исплата на камата изнесува 1.000 мкд.

Провизија за исплата 1.0%.

Доколку заемот се продаде на Секундарен пазар се губи провизијата за исплата, односно истата нема да биде исплатена.

Провизијата за исплата се намалува за 0.1% со секој ре-инвест на еден пакет. Максимално може да се намали до 0.5%. Минамален износ за ре-инвест еден атом од било кој пакет 1.000 мкд, доколку го исполнува соодветниот услов за тој пакет. Исто така можи да реинвестира преку Секундарниот пазар.

Маркетинг програма за Адвајзор

Член 9

Адвајзор заработката ( активна заработка) е препорачана заработка од продажба на заеми.

Адвајзор заработката е еднократена и се исплаќа рамномерно на 12 месеци.

За да можи некој да стани Силвер Адвајзор, потребно е да има минимум 10 силвер атоми и да посети обука за Адвајзор.


9.1 Силвер Адвајзор

Препорачателска продажба на заемиДирекна препоракаИндирекна препорака
12 месеци1.00%0.40%
24 месеци1.25%0.70%

9.2 Голд Адвајзор

Препорачателска продажба на заемиДирекна препоракаИндирекна препорака
12 месеци1.15%0.60%
24 месеци1.50%0.90%

Доколку Силвер Адвајзор во рок од 90 дена приклучи нови дирекни 10 адвајзори со Силвер пакет( може да бидат повеќе адвајзори со одреден број на Атоми, кој ќе соодвестува на 10 Силвер пакети), 2 нови дирекни адвајзори од Голд пакет, 2 нови дирекни адвајзори од Платинум пакет и да има два нови Силвер Адвајзор со минимум продажба од еден Силвер пакет, тој преминува во Голд Адвајзор.

Заработката за Голд Адвајзор ја добива на продажбата од денот кога ќе стане Голд Адвајзор во период до 180 денови. Статусот Голд Адвајзор има времетарење од 180 денови, доколку во било кој период од овие 180 денови повторно го исполни условот за Голд Адвајзор се продолжува времетаењето на нови 180 денови.Во периодот од 180 денови, доколку повторно не го исполни условот за Голд Адвајзор, се враќа на Силвер Адвајзор.


9.3 Платинум Адвајзор

Препорачателска продажба на заемиДирекна препоракаИндирекна препорака
12 месеци1.30%0.80%
24 месеци1.80%1.10%

Доколку Силвер Адвајзор во рок од 90 дена стане Голд Адвајзор и доколку направи двајца дирекни Силвер Адвајзор да го исполнат условот за Голд Адвајзор, тој преминува во Платинум адвајзор.

Заработката за Платинум адвајзор ја добива на продажбата од денот кога ќе стане Платинум адвајзор во период до 180 денови.Статусот Платинум адвајзор има времетарење од 180 денови, доколку во било кој период од овие 180 денови повторно го исполни условот за Платинум адвајзор се продолжува времетаењето на нови 180 денови. Во периодот од 180 денови, доколку повторно не го исполни условот за Платинум адвајзор, се враќа на статус Голд Адвајзор . Статусот Голд Адвајзор ќе има важност од 180 денови, односно за продажбата во наредните 180 денови добива заработка за Голд Адвајзор . Доколку во наредните 180 денови не исполни услов за Голд Адвајзор или Платинум адвајзор, се враќа на Силвер Адвајзор.


9.4 Голдмен

Препорачателска продажба на заемиДирекна препоракаИндирекна препорака
12 месеци1.45%1.00%
24 месеци2.0%1.30%

Доколку Платинум адвајзор направи вкупен волумен на продажба од цела мрежа во рок од 180 денови, 100 платинум пакети ( во оваа се вклучени износите сразмерно на сите пакети) и тоа минимум од два дирекни Адвајзори односно максимум 50% од еден Адвајзор ,тој преминува во Голдмен.

Заработката за Голдмен ја добива на продажбата од денот кога ќе стане Голдмен во период до 180 денови.

Статусот Голдмен има времетарење од 180 денови, доколку во било кој период од овие 180 денови повторно го исполни условот за Голдмен се продолжува времетаењето на нови 180 денови.

Во периодот од 180 денови, доколку повторно не го исполни условот за Голдмен, се враќа на статус Платинум адвајзор. Статусот Платинум адвајзор ќе има важност од 180 денови, односно за продажбата во наредните 180 денови добива заработка за Платинум адвајзор.

Во периодот од 180 денови, доколку повторно не го исполни условот за Платинум адвајзор, се враќа на статус Голд Адвајзор. Статусот Голд Адвајзор ќе има важност од 180 денови, односно за продажбата во наредните 180 денови добива заработка за Голд Адвајзор. Доколку во наредните 180 денови не исполни услов за Голд Адвајзор или Платинум адвајзор , се враќа на Силвер Адвајзор.


9.5 Можност за Брз Почеток

Секој Адвајзор има прво во првите 90 денови откако ќе стани Адвајзор, има поволни услови да премини во наредни нивоа. И тоа:

  • Доколку Силвер Адвајзор во првите 90 дена приклучи 5 нови дирекни Адвајзори со Силвер пакет, 1 нов директен Адвајзор до Голд пакет, 1 нов директен Адвајзор со Платинум пакет и да има два нови дирекни Силвер Адвајзор тој преминува во Голд Адвајзор.
  • Доколку Силвер Адвајзор во првите 90 дена премине во Голд Адвајзор и му помогне на два свои дирекни Адвајзори да станат Голд Адвајзор, тој преминува во Платинум Адвајзор.

    • 9.6 Право на заработка и исплата на Адвајзор заработка

      Право на Адвајзор заработка има секој Адвајзор кој има минимално спопсвен заем од 10.000 мкд.
      Право на исплата на Адвајзор заработка :

      • до 50% годишно од сопсвениот заем за Силвер Адвајзор
      • до 60% годишно од сопсвениот заем за Голд Адвајзор
      • до 70% годишно од сопсвениот заем за Платинум Адвајзор
      • до 100% годишно од сопсвениот заем за Голдмен
        • Минимална износ за исплата на Адвајзор заработка 1.000 мкд.

          Провизија за исплата на адвајзор заработка 1% за износи над 10.000 мкд и 3% за износи до 9.999 мкд.

Секундарен пазар

Член 10

Давателите на заем имаат право да ги продават сопсвените заеми на Секундарен пазар. Минимално може да се продава еден Атом.

Доколку давателот на заем врши продажба на заемот пред истекот на половина од рокот на заемот, Давател на заем што го продава заемот ја губи договорената камата, но добива исплата без провизија за исплата . Давателот на заем што го купува конкретниот заем од Секундарниот пазар ја добива договорената камата и преостанатиот рок од претходниот Давател на заем. Адвајзор заработка за останатиот период од заемот која се предмет на продажба на Секундарниот пазар, доколку истата биде продадена, ја добива новиот Адвајзор кој ќе го купи конкретниот заем и тоа соодветно за останатиот период.

Доколку давателот на заем врши продажба на заемот по истекот на половина од рокот на заемот, Давателот на заем што го продава добива 50% од договорената камата за изминатиот период, додека останатите 50% од договорената камата за изминатиот период и 100% од договорената камата за преостанатиот период. Адвајзор заработката за останатиот период од заемот кој е предмет на продажба на Секундарниот пазар, доколку истиот биде продаден, ја добива новиот Адвајзор кој ќе го продаде конкретниот заем и тоа соодветно за останатиот период.

Права и обврски на страните

Член 11

  1. Голдмен Капитал се обврзува:
    • Да му даде на Давателот на заем и Примателот на заем преддоговорна и договорна информација за заемот во согласност со важечкото законодавство
    • Да му го исплати каматите на Давателот на заем во согласност со договорениот износ, рокови и услови
    • Да му ги даде на Давателот на заем и Примателот на заем сите потребни документи, кои се однесуваат на опслужувањето за заем, пополнети точно и коректно
    • Да врши и други обврски, предвидени со важечкото законодавство
  2. Голдмен Капитал има право:
    • Да бара целосно исполнување на сите обврски на Примателот на заем согласно Договорот и овие Општи услови
    • Да биде известен веднаш од Примателот на заем при настанување на околности, кои би предизвикале доцнење со исплата или влошување на целокупната финансиска состојба на Примателот на заем
    • -Да ги бара од Давателот на заем и Примателот на заем сите потребните документи, односно копии од документи за одобрувањето на заем, вршење на финансиска проценка, како и евидентирање на информациите за опслужувањето на заем
    • Во секое време да ги префрли своите права од Договорот на трето лице, вклучувајќи да го даде во залог побарувањето во корист на трето лице, согласно без да се бара согласност од Примателот на заем за тоа. Во овој случај Примателот на заем ќе биде известен за настанатите промени односно носителот на побарувањето, со испраќање на писмено известување на наведената електронска пошта во Барањето и Договорот за заем. Голдмен Капитал нема обврска да го извести Примателот на заем за преносот, во случај, ако согласно договорот меѓу Голдмен Капитал и третото лице, Голдмен Капитал ќе продолжи да го администрира заемот на Примателот на заем
    • Да води, вклучувајќи преку трети лица, секаква кореспонденција со Примателот на заем, да спроведува телефонски повици со Примателот на заем, да му испраќа електронски пораки, писма и налепници, во случај ако последниот не исполни некоја од обврските од Договорот, и на тој начин го известува за неговото доцнење
    • Во случај на задоцнување со плаќањето од страна на Примателот на заем, како и во случај на делумно плаќање, да ги преземе сите потребни дејствија за вонсудска и /или судска наплата на своите побарувања, а трошоците за тоа ќе бидат на товар на Примател на заем
  3. Примателот на заем се обврзува:
    • Да ги врати искористениот заем, во согласност со договорениот износ, рокови и услови
    • Да ги почитува роковите и условите
    • Да ја извести веднаш Голдмен Капитал за секоја промена на околности, кои би предизвикале задоцнување со исплата или би можеле да доведат до влошување на финансиската состојба, како и за секоја промена во информацијата, дадена од него при поднесувањето на Барањето, односно потпишување на Договорот, вклучувајќи, но нецелосно: за измена во неговите месечни приходи, на адресата на живеење и/или на сегашната адреса, телефонските броеви, покренати судски и/или извршни постапки против Примателот на заем, и/или одредени мерки за запленување и/или одземање во корист на државата на било каква сопственост, која им припаѓа
    • Да ги сноси сите трошоци, поврзани со неисполнување на својата обврска, предвидени во Договорот и овие ОУ, вклучувајќи, но не само, трошоци за покани за доброволно исполнување, посети на лице место, телефонски повици, државни такси, адвокатски хонорари, патни и други трошоци
    • -Примател за заем јасно ја изразува својата согласност да прима повици, пораки, електронски пораки, писма други документи и известувања како и промотивни известувања за целите на директниот маркетинг на телефонскиот број, на електронската пошта или на домашната адреса наведени во барањето за заем поднесено од страна на Примателот на заем, при што Примателот на заем е свесен дека во секое време може да прати писмено известување до Голдмен Капитал дека не сака да ги прима овие известувања.
  4. Адвајзорот се обврзува дека:
    • ќе ја почитува и спореведува политиката на работење на Голдмен Капитал.
    • ќе работи според прописите донесени од Голдмен Капитал.

Предвремено раскинување на Договорот за заем

Член 12

Давателот на заем има целосно право на предвремено раскинување на договорот за заем. Во тој случај Давателот на заем целосно ја губи договорената камата.

Давателот на заем има право да го продаде заемот на Секундарниот пазар на друго лице пред истекот на рокот од договорот согласно член 9 од овие Општи услови.

Голдмен Капитал не може да го одбие предвременото раскинување на Договорот за заем.

Заштита на лични податоци

Член 13

Голдмен Капитал ќе применува технички и организациски мерки кои обезбедуваат тајност и заштита на обработката на личните податоци, соодветно на природата на податоците кои се обработуваат и ризикот при нивната обработка.

Секој Давател на заем (Адвајзор) како и секој Примател на заем на Голдмен Капитал потпишува Изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Адвајзорите на Голдмен Капитал пред склучувањето на договорот за Адвајзор се запознаваат со прописите за заштита на личните податоци, како и со документацијата за техничките и организациските мерки.

Пренесување на правото од Договорот за Адвајзор

Член 14

Паравата на заработка од Договорот за Адвајзор може да се пренесат на други лица со согласнот на Адвајзорот или при самото потпишување на Договорот, Адвајзорот наведува едно или две лица кои во случај на смрт го презамат правото на заработка од Договорот за Адвајзор. Доколку лицата кои го превземаат таквото право се на возраст под 18 години во моментот на склучување на договорот, при преземањето имаат само право на заработка, но немаат право да работат за Голдмен Капитал се додека не наполнат 18 години и се стекнат со целосна правна и деловна способност.

Виша сила

Член 15

  • Голдмен Капитал нема да биде одговорна пред Примателот на заем за било какво доцнење или пропуст за извршување на обврската од овие Општи услови, кои се должат на виша сила (како што е дефинирано во подолу).
  • "Виша сила" ќе значи секој непредвидлив случај, кој не може да се спречи настанат по потпишувањето на Договорот за заем помеѓу Голдмен Капитал и соодветниот Примател на заем и кој доведува до неможност за исполнување на обврските, преземени од Голдмен Капитал според Договорот и / или овие ОУ, вклучувајќи, но без да се ограничени: техничка неисправност во софтвер или хардвер системите, кои се користат од Голдмен Капитал законски, административни или владини ограничувања, природни катастрофи, бунтови, востанија, судири или немири, војна, терористички напади, земјотреси или други деструктивни дејства на природни сили, општонародни штрајкови, ембарго.
  • При настанување на Виша сила за Голдмен Капитал , Голдмен Капитал ќе ги преземе сите разумни активности и мерки, за да ги ограничи евентуалните загуби и штети, и ќе го извести соодветниот Корисник на кредит во рок од една недела од денот на настанување на виша сила.
  • Недостатокот на финансиски средства нема да се смета за виша сила, како во однос на Голдмен Капитал така и во однос на Примателот на заем.

Завршни одредби

Член 16

Доколку некоја одредба или дел од одредбите од овие Општи услови се неважечки или неисправни, останатите одредби остануваат во сила. Договорот или овие Општи услови може да се изменат и дополнат само со претходна взаемна писмена согласност на двете Страни.